MKDNews.com

Блокадата на косовската граница продолжува, никој не попушта (фото)

септември 10
16:11 2013

Министерството за транспорт упати инспекции на граничниот премин Блаце за отстранување на дивите такстисти кои изминативе два дена ги превезуваат патниците кои пеш ја минуваат границата. Во моментов единствено е можно границата да се мине пеш, поради блокадите.

Проблемот настана откако Косово воведе мерки за забрана на увоз на одредени македонски производи, на што Скопје одговри со давачки од 5 евра по возило и 2 евра по човек за косовските државјани. По ова Косово целосно го забрани увозот на сите македонски производи.

Македонија со Косово има трговски суфицит во размената. Според податоците од 2009 година до 2011 година трговската размена и извозот на Косово е во постојан пораст. Но веќе во 2012 се забележува пад во трговската размана и извозот на македонските производи на косовскиот пазар. Падот во размената е очигледен и во првите седум месеци до годинава. Минатата година вкупната трговска размена на Македонија со Косово изнесуваше 421 милион долари, од кои 392 милиони беа извоз, а само 29 милиони увоз. Годинава досега размената е 145 милиони долари, од кои 132 милиони извоз, а 14 милиони увоз. Во Косово извезуваме цемент, лекови, нафтените деривати, производи од челик и железо, цигари, пекарски производи, пијалаци, зеленчук и овошје. Од Косово увезуваме остатоци од челик, пластични плочи, битумен и асфалт и заварувачки цевки.

Вчера на Блаце и денеска продолжува блокадата на граничниот премин од страна на македонските камионџии.

Биљана Муратовска од „Макамтранс“ изјави дека блокадата ќе трае се додека надлежните институции од двете држави не се договорат и не го решат проблемот.

„Затоа Република Косово на некој начин си игра, така што кога е потребно мерката да биде покриена со ЦЕФТА се повикува на договорот, а кога е вон секој контекст на ЦЕФТА викаат дека е донесена од страна на Република Косово. Без разлика што во размената меѓу двете земји доминира македонскиот извоз сметам дека и косовските бизнисмени ќе изгубат со ад хок донесената мерка“, вели Нури.
mkd-74248 09-10-2013

mkd-74251 09-10-2013

mkd-74252 09-10-2013

mkd-74253 09-10-2013

фото мкд.мк

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment