MKDNews.com

Бичиклиски: Заев се кити со туѓи перја и секој ден влегува од лага во лага (видео)

септември 02
15:50 2013

Зоран Заев е фатен на дело како ја лаже целата македонска јавност.
Тој не само што се кити со туѓи перја, туку секој ден влегува од лага во лага.
За три дена, Заев кажа три лаги, која од која поголема.
Прво, Заев излажа дека ја обезбедил холандската инвестиција. Вистината е дека тоа е инвестиција за која Владата работела три години претходно. Се виде дека во целиот процес биле вклучени економскиот промотор, амбасадорот во Холандија, и повеќе владини министри.

Втората лага беше дека Општина Струмица обезбедила поволности за инвестирање. Повторно невистина. Владата потпиша договор со компанијата за државна помош која изнесува над еден милион евра за да оваа компанија инвестираа во Македонија, а исто така Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ согласно законот обезбедила даночни олеснувања за да се реализира оваа инвестиција.

Третата и најголема лага е дека општината Струмица ја изградила инфраструктурата во зоната.
Ова се документите од кои јасно се гледа дека Зоран Заев и општина Струмица согласно договорот добиле 52.231.520,00 денари за инфраструктурна изградба на зоната пред која Заев се фалеше дека сам ја изградил и ја обезбедил инвестиција.

Од документите се гледа дека Владата инвестирала во изградба на: улици, мост, атмосферска и фекална канализација, водовод, улично осветление, тротоари, експропријации, дислокација на далноводи. Зоран Заев не може за ова да незнае, бидејки на документите каде се префрлаат средствата стои неговиот личен потпис. Ова денеска на прес конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски

Во продолжение проследете ја изјавата на Бичиклиски.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.