MKDNews.com

“Белата вдовица“ командува со терористите во Најроби?

септември 23
19:25 2013

image

Со групата напаѓачи кои се во кенискиот шопинг центар, која убила 68 лица, командува 29-годишната Саманта „белата вдовица“ на Џермеин Линдсеј, еден од напаѓачите кои на седми јули 2005 година се разнесе во текот на терористичкиот напад во Лондон.

Британскиот таблоид Дејли Мејл пишува дека нејзиното име било објавено на Твитер од милитантната група ал-Шабаб, заедно со имињата на уште осум лица од западните земји вкучиваќи и лица од САД ,за кои се тврди дека соработувале во нападот во Најроби. Напаѓачите во групата се поврзуваат со ал-Каеда и лондончаните Либан Адам (23) и Ахмед Насир Ширдон (24). И припадниците на кениската војска ја забележале Саманта.- Се контролира таа  музунгу (бела ) жена. Таа им наредува што да прават, рекол еден војник. Ирскиот Индепендент пишува дека Саматна е со потекло од Ирска.Силни експлозии и истрели денеска се слушнале во трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби, кој во саботата беше нападнат од исламистички екстремисти, кои се уште се наоѓаат внатре и држат заложници.

Од покривот на шопинг центарот се издигнува црн чад, објавија некои западни медиуми, според кои, во објектот одекнале три до четири експлозии. Во нападот се убиени најмалку 69 лица, иако властите засега потврдиле 62 лица, а речиси уште толку се водат како исчезнати, соопшти кенискиот Црвен крст.
image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment