Бабата Дајана Најад преплива од Куба до Флорида без заштита од ајкули (видео)
Шеесет и четиригодишната Најад е првата која досега успеала да го доплива речиси 200 километри долгото растојание
Американката Дајана Најад стана првиот човек во светот кој го преплива растојането од Куба до бреговите на американската сојузна држава Флорида, без специјална опрема за заштита од ајкули.
Шеесет и четиригодишната Најад доплива денеска до брегот кај Ки Вест, по околу 53 часа од поаѓањето од Хавана во саботата.
Кога се доближи до брегот на Флорида околу Најад се собраа голем број чамци од кои луѓето ја снимаа и бодреа. Таа сепак доплива самиот брег и дури без помош ги изоде последните метри до плажата.
Ова беше петти обид на Најад да го прелива речиси 200 километри долгото растојание од Куба до Флорида.
После прливањето таа рече дека „никогаш не треба да се откажеме, и никогаш не сме премногу стари да го бркаме нашиот сон„
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment