MKDNews.com

Асад: Сирија го отстапува хемиското оружје, но не поради американските закани

септември 12
16:28 2013

Одлуката на Сирија да го предаде своето хемиско оружје под меѓународна контрола е резултат на предлогот на Русија, а не на заканата со американски воен напад, изјавил претседателот Башар Асад за еден руски телевизиски канал.„Сирија го предава своето хемиско оружје под меѓународен надзор поради Русија“, рекол Асад во интервјуто за државниот новински канал Расија-24.

„Заканите од САД не влијаеја на одлуката“, додал тој.Во понеделникот, додека Белата куќа вршеше притисок да добие одобрување од Конгресот за воен напад врз сирискиот режим, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го повика Дамаск да ги предаде своите резерви хемиско оружје под меѓународна контрола.Москва, исто така, ја повика сириската влада да се приклучи во Организацијата за забрана на хемиското оружје.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment