Апсењата од акцијата “Шпион” преку објективот на полициските камери (видео)
Како што беше соопштено од Министерството за внатрешни работи, осомничените во случајот “Шпион”, оддавајќи им најразлични државни тајни и документи на странските безбедносни служби, во опасност го довеле државниот систем воспоставен во Република Македонија.
Според соопштението на МВР, уапсени се двајца вработени во Агенцијата за разузнавање, двајца во УБК, четворица поранешни вработени во МВР, тројца во Министерството за одбрана и по еден во Собранието, Државниот архив и директор на Управата за финансиско работење, сите тие осомничени за шпионажа.
Во рамките на акцијата “Шпион”, од осомничените 22, уапсени се 17 лица, кои што освен за шпионирање, се сомничат и за злосторничко здружување, уцена и измама. Во продолжение погледнете како изгледала акцијата за апсење на осомничените.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment