Антивоени и анти-Асад протести во Њујорк и Вашингтон
Мала група демонстранти противници на евентуалната американска воена интервенција во Сирија се собраа синоќа на антивоени протести на Тајмс Сквер во Њујорк.
Како што јави Хафингтон Пост, демонстрантите, кои носеа кукли со ликот на американскиот претседател Барак Обама и транспаренти „Несакаме војна, подалку од Сирија“, „Не на војната“ и „Не на бомбардирањето на Сирија“ од Тајмс Скевр се упатија на протестен марш до Јунион Сквер.
Меѓу учесниците на протестот имаше и активсти на движењето „Окупирај го Волстрит“, како и Американци со сириско потекло.
Маршот мина без инциденти и без интервенција на полицијаците што го обезбедуваа собирот.
Парлалено со овој, во Њујорк се одржа и протест на противници на сирискиот претседател Башар ел Асад, кои на собирот изразија незадовоство до како што тврдеа „масакрот во Сирија“, алудирајќи на нападот со хемиско оружје кај Дамаск на 21 август.
Демонстрантите, од кои најголемиот број жени и деца, извикуваа слогани против Асад и против употребата на хемиско оружје.
Учесниците на протестот, претежно лица со сириско потекло, ги обвинуваа властите во Сирија дека стојат зад нападот со хемиско оружје.
Исто така и во Вашингтон, десетици демонстранти протестираа низ улиците извикуваќи анти воени слогани, велејќи на дека Конгресот не треба да овластат воена акција.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment