MKDNews.com

Анорексијата ја излекувала со бодибилдинг

септември 19
13:59 2013

Лиса Крос од Велика Британија како тинејџерка имала проблеми со анорексија. Не јадела, а била толку слаба, што облеката ја купувала во детското одделение. Сега, таа има 35 години, секој мускул на нејзиното тело се познава, а тврди дека анорексијата ја излекувала со бодибилдинг.

Откако се изгладнувала како помлада, таа поминала на десет оброци дневно, а во 2010 победила во својата категорија на натпреварување во Британија.

lisa-kros

– Се чувствувам женствено и секси. Конечно сум задоволна со својот изглед. Морав да бидам самокритична за да станам подобра и подобра. Сега гледам на храната како на гориво – објаснува Лиса.

Девојката имала проблеми со анорексија кога имала 15 години, а состојбата траела неколку години, се додека не почнала да и паѓа косата. Се обидувала да јаде, но тоа било нездрава храна. Живеела на енергетски пијалаци. Целата перспектива и се променила кога го запознал во Јапонија своето момче, кое бил бодибилдер.

lisa-kros-1379534385-368275

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.