Ангелов: „Шпион“ ги злоупотреби специјалците за да го заплаши народот!
Лидерот на партијата Достоинство Стојанче Ангелов денеска реагира на зголемениот број полицајци во централното градско подрачје тврдејќи дека имаат информации за 150 полицајци донесени повеќето од градови од источниот дел на Македонија да патролираат низ Скопје. Тој вели дека специјалните полицајци се злоупотребени и во последната голема полициска операција „Шпион“.
-Како поранешен заменик командир на специјални полициски сили тврдам дека немаше потреба од спектакуларни приведувања на дел од осомничените во оваа акција, со упад во нивните станови на маскирани и до заби вооружени полицајци, кои потоа треба да ги тешат малолетните деца дека „глумат акција“. Може некој да добие инфаркт, може некој од домашните да почине, вели Ангелов.
Од МВР велат дека се работи за вообичаена практика која и порано се одвивала. Односно бројот на полицајци во Скопје е зголемен поради организирани активности првенствено за заштита на јавниот ред и мир и спречување на други прекршоци, кражби, разбојништва и слично.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment