MKDNews.com

Американци и Британка меѓу терористите во нападот во Најроби 

септември 24
16:16 2013

Министерот за надворешни работи на Кенија,Амина Мухамед изјави дека меѓу терористите кои го извршија нападот врз трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби има „двајца-тројца Американци и една Британка“,за која министерката вели дека учествувала во вакви напади „многу пати досега“.Според министерката Мохамед,Американците се мошне млади,на возрарст меѓу 18-19 години,дека имаат сомалиски,или арапски корени и дека постојано живеат во американската сојузна држава Минесота и во уште некоја друга држава на САД.

Тврдењето на кенискиот министер за присуството на жена- терористка, која потекнува од Велика Британија,доаѓа по пишувањето на дел од лондонските весници,дека меѓу напаѓачите на трговскиот центар,се наоѓа и Саманта Ливтвејт која има преминато во исламската религија. Таа е сопруга на еден од четворицата бомбаши-самоубијци во терористичките напади во Лондон од 7 јули 2005 година,кога од експлозијата на бомбите што ги носеа во своите ранци, во лондонската подземна железница и во еден градски автобус, беа убиени 52 лица.

Станува збор за имигрантот од Јамајка, Џереми Линдзи кој претходно англиканската религија ја замени за исламот,а потоа им се приклучи на радикалните исламистички милитанти во Велика Британија.„Белата вдовица“ што стана терорист,како што ја опишуваат медиумите во Лондон неговата вдовица, претходно беше посочувана како дел од терористичките банди поврзани со мрежата на Ал Каеда.За Ливтвејт се тврдеше дека се наоѓа „некаде во Источна Африка“.

Таа пред овој напад веќе беше барана од кениските власти за напади во реонот на кенискиот океански брег,како и дека во текот на минатата пролет Британката била во Сомалија,што укажува на нејзината поврзаност со терористичката група Ал Шабаб.Кениските власти досега тврдеа дека во нападот во „Вестгејт“ омилено место на побогатите Кенијци и на странците,во кој се убиени најмалку 62 лица,учествувале само мажи-терористи.

Откритието на министерката Мохамед,за прв пат покажува дека во интернационалниот состав од терористи имало барем една жена. Весниците во Лондон,забележуваат дека британската разузнавачка агенција МИ5 трага за да утврди колкумина Британци биле вклучени во нападот во Најроби.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment