MKDNews.com

Албански државјанин го “олеснил” Охридско лето

септември 03
20:00 2013

policija3Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(20) од Поградец Република Албанија. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот на 24-ти Јули оваа година, од просториите на „Охридско лето“ бесправно одзел еден фотоапарат „никон“. Тој, на 10-ти Август годинава извршил уште една кражба од „Охридско лето“ при што одзел еден лап-топ компјутер со дополнителна компјутерска опрема како и неколку стикови. Двете кражби пријавениот Д.Р. ги извршил од канцеларијата на програмскиот сектор на фестивалот „Охридско лето“ искористувајќи згодна прилика и оставена отклучена канцелариска врата.

На 15-ти минатиот месец, од соба во вилата „Флора“ во Охрид каде бил сместен, сега притворениот Албански државјанин бесправно одзел еден лап-топ компјутер марка „Асер“. Делото го направил откако ги забележал туристите како излегуваат од собата и одат на плажа по што со преклучување и незабележан успеал да влезе внатре, да изврши пребарување о одземање на компјутерот. По кратко време, тој го продал лап-топ компјутерот за 2000 денари.

Со извршените кражби Д.Р. кој во текот на Јули илегално ја преминал македонско-албанската државна граница, се стекнал со противправна имотна корист од околу 75.000,оо денари.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment