Албанец ловел риба на нашата страна од езерото
септември 12
08:21
2013
Одделението за илегална миграција и превенција при РЦ Запад поднесе кривична пријава против албанскиот државјанин В.Б.(27) за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Пред два дена , во 06,00 часот, во водите на Охридското езеро во близина на село Радожда е затекнат пријавениот како вршел незаконит риболов со риболовни средства и од истиот се одземени 1,3 килограми пастрмка. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment