MKDNews.com

Ахмети за „Катимерини“: Република Северна Македонија или Горна Македонија

септември 08
16:19 2013

Потребен е компромис за решение на името, Република Северна Македонија или Горна Македонија е прифатливо за нас, Албанците, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, јави дописникот на Канал 5 од Атина.
Али Ахмети, по средбите со грчките министри за надворешни и за одбрана, а кусо пред да замине од Атина минатата недела, ги презентирал неговите позиции за еден од најтиражните грчки весници. Тој вели дека на грчкиот шеф на дипломатијата и вицепремиер, Евангелос Венизелос, му ја потенцирал потребата за колку е можна поплодна соработка меѓу двете земји, но и дека е потребно Грција да ни помогне за евроатлантска интеграција.

Ахмети за Катимерини

– ДУИ презеде иницијатива за динамично да се вклучи албанскиот фактор во процесот на изнаоѓање решение за името. Албанците во ФИРОМ се составен елемент и имаме и ние одговорност за нејзината судбина. Бидејќи не сме малцинство кое е дојдено од друга земја. Ние сме од таму и не интересира секој политички потег и секоја одлука, дали за името или за интегративниот процес и не оставаме некој друг да одлучува за нашата судбина. Колку што носи одговорност Никола Груевски, толку има одговорност и Муса Џафери како вицепремиер или јас како претседател на најголемата парија што ги претставува Албанците во земјата – вели Ахмети.

Лидерот на ДУИ порачува дека и Брисел и САД да ги поддржат напорите на Нимиц, а дека Македонија нема друг избор освен решение, преку компромис, за да се отворат вратите на НАТО и ЕУ.

– Верувам дека целиот политички врв во ФИРОМ знае дека имаме само два пата – изолација и интеграција. И јас сметам дека треба да го одбереме патот на интеграција, а не на изолација, бидејќи изолацијата ќе не одведе до сиромаштија, разочараност, конфликти, регионални или меѓуетнички – истакнува лидерот на ДУИ за „Катимерини“.
Медијаторот за спорот со името, Метју Нимиц, утре пристигнува во дводневна посета на Атина, а според наајавите, на 11 септември ќе ја посети Македонија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.