MKDNews.com

20 убиени и 50 повредени во нападот во трговски центар во Најроби

септември 21
16:39 2013

Најмалку 20 лица загинаа, а над 50 се повредени во вооружениот напад извршен од непознати лица  во луксузниот трговски центар во Најроби, Кенија, јави британскиот канал Скај њуз.Очевидци тврдат дека напаѓачите стрелале во различни правци и користеле и бомби. Во моментов, петмина од напаѓачите се уште се наоѓаат во луксузниот трговски центар „Вестгејт мол“.

Според засега непотврдени информации, тие зеле и заложници.Скај њуз тврди дека не станува збор за грабеж на продавница, како што претходно рече началникот на полицијата Бенсан Кибуе, туку за планиран напад.Полицијата го обиколи трговски центар, посетуван најчесто од богати Кенијци и странци.

Хрватскиот портал Дневник, пренесува слика во живо од самото место на настанот.

image

image

image

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment