20 години Македонски полициски синдикат
Македонскиот полициски синдикат одбележува 20 години од своето постоење. По тој повод деновиве во Охрид полициските службеници ќе ги соблечат униформите и ќе си ги одмерат силите во 8 спортски дисциплини.
Синдикатот воедно е домаќин на Конференција на Извршниот Комитет на Советот на европските полициски синдикати а ќе се одбележат и 25 години од постоењето на Европскиот полициски синдикат. – Оваа конференција ќе биде добра прилика за размена на компаративни исксутва, за согледување на проблемите со кои се соочуваат нашите колеги низ Европа но и за градење на натамошни стратегии за дејствување, вели Тихомир Климовски претседател на Македонскиот полициски синдикат.
Разговорите со синдикатот не секогаш биле лесни, но после образложување на аргументи и факти се изнаоѓало најдоброто решение за вработените во МВР, подвлече Гордана Јанкуловска министер за внатрешни работи.
– Се надевам дека и во периодот што следува дијалогот како што е овој на МВР и македонскиот полициски синдикат, социјалниот дијалог ќе продоли во инетерс на вработените во МВР , во интерес на подигнување на професионалните стандарди и во интерес на државните интереси на Р Македонија, вели Јанкуловска.-
– Јас мислам дека во Македонија добро се работи дека има добра соработка меѓу синдикатот и министерството. Тоа го покажа и присуството на министерката денес овде, значи дијалогот е на високо ниво. Тоа сакаме да биде така и во другите земји кои немаат вака добра соработка, истакна Бранко Прах претседател на Европски полициски синдикат.
Советот на Европски полициски синдикати е асоцијација која опфаќа 22 полициски синдикати од 21 Европска држава во кои членуваат над 350 илјади полициски службеници од Европа.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment