Зошто сексот за време на летување е одличен?
Анкетата спроведена од страна на Zoosk.com, социјална мрежа за романси, открила дека 69% од мажите и 72% од жените сметаат дека има нешто посебно возбудливо во летниот секс!
Освен што сте ослободени од секојдневните грижи, новото опкружвање дополнително ве стимулира.
Мокра маица
Со оглед на тоа што ова не е препорачливо за на зима, сега остварете ја оваа секс-фантазија на вашиот дечко во мокра маица. Облечене бела маица без градник и случајно навлажнете ја. Не само што ќе полуди од погледот на вашите гради, туку таа акција и ќе ве освежи.
Исклучете ја климата
Сега нешто сосема различно, бидеќи убавината е во разликите, нели? Да кажеме дека за време на најголемата жештина во денот седите во апартманот со дечкото и климата ви годи. Исклучете ги уредите за разладување, тоа ќе ви годи и на двајцата. Додека се потите се излачуваат и феромони кои дополнително ќе го привлечат.
Правило број 1
Иако е на третото место, ова е најважното правило: искористете го летувањето за да го зачините својот сексуален живот. Накратко, променете ја рутината и остварете ги сите ваши сексуални фантазии.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment