MKDNews.com

Журките на Берлускони на филм

август 31
19:52 2013

Италијанскиот режисер на „софт“ порнографија Тинто Брас,им откри на новинарите на филмскиот фестивал во Венеција дека планира да сними филм за танчерките-забавувачки на некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони.

-Сакам да направам филм за Берлускони.Ќе има наслов :” Ти благодарам,татенце”,рекол режисерот, мислејќи на прекарот за 76 годишниот политичар кого забавувачките го ословувале на тој начин кога го посетувале во неговата вила.

Брас, најпознат по неговата еротска драма “All Ladies Do It” и по бруталниот култен филм “Калигула” дошол во Венеција за да го промовира документарецот за својот живот.

Берлускони, кој демантираше дека ангажирал девојки и одржувал бесни журки,прогласене за виновен во јуни дека и плаќал за услуги на 17 годишната проститутка,попозната како Руби,арамивка на срца.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.