MKDNews.com

Жерновски го повика Груевски: Излези на местото на злосторството

август 04
13:41 2013

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, договорија вонредна седница на Советот в среда како што рекоа: “Огорчени од вандалскиот чин, кој се случи околу три и пол часот по полноќ, со сечењето на паркот спроти Бристол”

Седницата наместо во просториите на општината ќе се одржи на местото на каде се исечени дрвата.

Градоначалникот на Центар Жерновски ги повикува советниците од ВМРО-ДПМНЕ, денеска да се изјаснат дали се со граѓаните и ја почитуваат нивната волја или повторно ќе застанат зад желбите и волјата на премиерот.

Го повикува и премиерот Никола Груевски да излезе денеска на самото место на злосторството , за да не каже после дека не видел и дека жали за тоа.

Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски најостро го осудуваат вандалскиот и кукавички чин . Специјалци и полиција го обезбедуваа местото додека моторните пили безмилосно го уништуваа едно од последните зелени катчиња.

„На ова место, на местото на дрвјата кое беше мала оаза за починка и средби на скопјани ќе никне објектот на Советот за радио-дифузија во барокен стил. И да се покаже вистинското лице и потези на власта, одлуката за „убивање” на паркот, претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Тодоровиќ, ја донесе исто во раните утрински часови, плашејќи се од вољата и револтот на граѓаните. Злоупотребувајќи ја моќта која ја имаат ни ги врзаа Нам рацете, бидејќи овој објект е под целосни ингеренции на централната власт. Само за последните 10 години општинска власт, во Центарот на Скопје безмилосно уништија повеќе од 80 проценти од зеленилото.Наша обврска и заложба е да го зазалениме повторно Центар, вели градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

drva.bristol

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment