MKDNews.com

“Жените треба да владеат со светот” ,вели Брус Вилис

август 21
07:36 2013

Жените владеат со светот и тоа е јасно, но признанието е уште позначајно кога доаѓа од холивудскиот актер Брус Вилис. Според него, жените се поинтелигентни од мажите и поради тоа треба да владеат со светот.

– Ги обожавам жените и секогаш се чувствувам безбедно кога сум во нивна близина –изјави Вилис во својот последен разговор за магазинот „Ју“.

Вилис вели дека жените се неспоредливо помудри од мажите и токму поради тоа тие треба да бидат на чело на сите држави во светот.

Вилис секако знае за што зборува, бидејќи неговиот живот е исполнет со жени. Со неговата поранешна сопруга Деми Мур има три ќерки Рамер, Скаут и Талула, а со актуелната сопруга Ема Хеминг има петнаесетмесечна ќерка, Мејбл Реј

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment