MKDNews.com

Заврши средбата на грчкиот премиер Андонис Самарас со државниот секретар Џон Кери

август 08
22:01 2013

Во американскиот Стејт департмент заврши средбата на грчкиот премиер Андонис Самарас со државниот секретар Џон Кери.

На брифингот во Стејт депармтентот што се одржа непосредно по средбата портпаролката Џен Псаки рече дека поради краткиот временски период се уште нема дополнителни информации.

– Секретарот Кери и премиерот Самарас имаа продуктивна средба која ја истакна силината на американско – грчкото партнерство. Секретарот призна дека Грција врши тешки, но неопходни реформи за повторно да ја добие довербата на пазарите за обврзници и да почне економски да расте. Секретарот ја истакна нашата солидарност со грчкиот народ додека ги вршат овие важни промени. Секретарот разговараше за нашата одбранбена соработка со Грција и ја подвлече важноста да имаме силен НАТО сојузник во тој важен регион. Исто така разговараа за прашања од заеднички интерес, вклучително и состојбата во поширокиот регион, изјави Псаки.

По средбата во Стејт департментот почнува средбата на Самарас со американскиот претседател Барак Обама на која се очекува да присуствува и секретарот за финансии Чејк Лу.

Грчките медиуми кои ја следат посетата на Самарас продолжија со обидите да се остави впечаток дека прашањето за името нема да биде поставено на највисоко ниво во Белата куќа, туку на средбата која Самарас ја имаше во Стејт департментот.

Во меѓувреме грчките медиуми потврдија дека посредникот во разговорите за спорот за името Метју Нимиц ќе присуствува на средбата на Самарас со генералниот секретар на ОН, Бан ки Мун, в петок доцна попладне во Њујорк.

Се очекува спорот за името, како и статусот на Кипар, два спора кои се водат пред ОН и каде Грција одбегнува интензивирање на разговорите да бидат клучни теми на оваа средба.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.