MKDNews.com

Заев: Подготвени сме за избори, но нема да дозволиме да бидат криминални (видео)

август 30
14:32 2013

Zoran ZaevЛидерот на СДСМ, Зоран Заев го повика премиерот Никола Груевски да се прочисти избирачкиот список и да се вградат сите препораки на ОБСЕ и на ОДИХР во изборното законодавство и да прецизираат термин за одржување на парламентарни избори.

„Го повикувам Груевски, директно, не формално, туку суштински, заедно со опозицијата и пред сè со институциите на системот, да се вклучат во прочистување на Избирачкиот список до крај и во вградување на сите препораки од ОБСЕ и на ОДИХР во изборното законодавство. Тоа е исто така препорака од мартовскиот договор и наша обврска како земја. Штом тоа ќе биде завршено, веднаш можеме да го прецизираме терминот за одржување парламентарни избори и со најбрзата процедура за организација на ваквите парламентарни избори. Треба да знае и Груевски, но и граѓаните дека во фер и конкурентни натпревари и создадени услови, на секого ќе му биде јасно колку лесно ќе биде поразена оваа власт”, изјави Заев.  Според Заев, СДСМ никогаш не бега од избори, туку Груевски избегал од предвремени парламентарни избори во март.  „Ние сме секогаш подготвени да учествуваме на избори, но потенцирам, никогаш повеќе нема да дозволиме организирање на уште едни криминални избори”, вели Заев.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.