MKDNews.com

Заев: На дијалогот да му се даде уште една шанса

август 19
16:46 2013

Претседателот на СДСМ Зоран Заев изјавил за Радио Слободна Европа пред почетокот на средбата со премиерот Груевски дека постои уште една шанса за разговори за Комисијата за 24 декември. Неговиот коментар доаѓа по изјавата на премиерот Груевски кој кажа дека опозицијата ја блокира работата на Комисијата.
– Постои уште една шанса за разговорите. Официјално до 24 август се уште е отворена можноста да се донесат заклучни согледувања и препораки како извештај од работењето на комисијата за настаните за 24-ти – вели Заев.

Лидерот на СДСМ веќе е на средба со премиерот Никола Груевски во владата на која ќе се разговара за деблокадата на експертската комисија која треба да ги расчисти настаните за 24 декември.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.