MKDNews.com

Заев: На 24-ти декември беше прекршен Уставот, Груевски ја призна грешката (видео)

август 24
17:23 2013

„Во неделава што изминува СДСМ вложи максимални напори да се подготви конечен извештај на Комисијата за настаните од 24-ти Декември минатата година, неопходен пред се за македонскаста јавност, но секако потребен и заради нашите eвропски и евроатлантски интеграции“,изјави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев информира дека претседателот во оставка на ад хок Комисијата Борче Давитковски побарал средба со лидерите на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ за денеска, но, како што рече, тој прифатил, а Никола Груевски одбил.

Во доцните часови синоќа, како што посочи, биле блиску до договор.

„Понудивме повеќе од 20 опции за констатирање на прекршување на Уставот во случајот со отстранувањето на новинарите и на пратениците. За жал, премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да го направат последниот чекор. Не беа подготвени да констатираат противуставност при отстранувањето на новинарите од собраниската сала на критичниот ден“, рече Заев.

„На 24 ти декември, Груевски донесе одлука, а Трајко Велјановски ја прифати. Одлуката беше – да се испратат полицајци во парламентот со наредба по било која цена да ги исфрлат од собраниската сала прво новинарите па потоа опозиционите пратеници, Секако однапред знаејќи дека притоа по неколку основи се крши Уставот на Република Македонија.

Заклучно со денес заврши периодот за превземање на политичка одговорност од таквата одлука со признавање на недозволената грешка што ја направи Груевски и ВМРО ДПМНЕ на срамниот понеделник. Со не прифаќање на политичката одговорност поради кршење на Уставот само уште еднаш Груевски потврди дека не е подготвен да понесе одговорност за ништо па дури и за толку очигледна и секому јасна работа. Нему му е важен само сопствениот рејтинг и ништо друго. Овој пат, со неприфаќањето на очигледната одговорност направи катастрофална грешка, додаде Заев.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment