MKDNews.com

Забрана за Муслиманското братство!?

август 18
11:26 2013

3777047833Египетските власти ja разгледуваат можноста за забрана на исламистичкото движење “Муслимански Браќа “.

Не може да има помирување со оние што имаат „крв на рацете“ – египeтскиот преоден премиер Хашем ал Библави бара од исламистите да се откажат од насилство како предуслов за политички дијалог. Претседателскиот советник Мустафа Хигази вчера (17.08), пред претставниците на меѓународните медиуми, дури зборуваше за „војна против екстремистичките сили“, кои сакаат да ја уништат државата. Владата и военото раководство во Египет, независно од критиката на Западот, ја потврдија уште еднаш својата определба за остар курс во кризата.
Повеќедневните судири меѓу исламистите и безбедносните сили имаат најверојатно и правни последици. Државата новинска агенција Мена јави дека властите водат истрага против 250 поддржувачи на Муслиманскот братство за убиство, обид за убиство и тероризам.
Преодната египетска влада ги преиспитува можностите за забрана на Муслиманското братство. Портпарол на Владата во Каиро изјави дека предлогот за прогласување на исламистичката организација за нелегална дошол од преодниот премиер Ал Библави. Сепак, одлука се‘ уште не е донесена. Организацијата беше основана во 1928 година, а беше забранета во 1954 година од тогашната воена власт во земјата. Во март годинава Муслиманското братство се регистрираше како невладина организација. Неговата новосонована Партија за слобода и правда победи на парламентарните избори по падот на Хосни Мубарак. Меѓутоа, според анкетите, оттогаш таа има загубено многу на популарност.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment