Забар ќе го клонира Џон Ленон?
Забарот Мајкл Зук од Канада кој пред две години го купил на аукција забот на англискиот музичар Џон Ленон,сака да го клонира членот на славните “Битлси” Тој тоа ќе го направи со еден проект со кој може да се изолира ДНЛ од расипаниот заб кој музичарот и го дал на својата домашна помошничка во шеесеттите години.
Кога научниците мислат дека можат да клонираат мамути,тогаш Џон би можел да биде следниот,вели стоматологот Мајкл Зук од Едмонтон,канада.
Зук си нашол на насловните страни на медиумите во 2011 година кога на аукција за 19.500фунти го купил Леноновиот заб.
-Нервозен сум и возбуден поради можноста да ја имаме Леноновата ДНК и тоа наскоро,додал стоматологот,кој во чест на забот напишал и песна.
Научниците тврдат дека се мали шансите за клонирање на мамут,а посебно на Ленон кој е убиен во 1980 година,пренесуваат медиумите.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment