MKDNews.com

За уште еден месец продолжен притворот на новинарот Кежаровски

август 24
21:25 2013

Новинарот Томислав Кежаровски продолжување на притворот за нови 30 дена со што четврти месец ќе остане во истражниот затвор во Шутка. Ваквата одлука Кривичниот суд Скопје 1 ја правда со сомнежот дека ако Кежаровски биде пуштен на слобода би можел да ја напушти земјава и да не излезе на судењето.

Како што објави утрово Нова Македонија, адвокатот на новинарот изјавил дека нема засега не добил решение. Сепак според сопругата на новинарот, Марина Кежаровска, информацијата е потврдена.

„Вчера ми се јавија од затворот и ми кажаа дека стигнало решение со кое му се продолжува притворот на мојот сопруг. Не знам зошто и до кога ќе го прават ова и не знам зошто Томче не може да биде пуштен барем во домашен притвор“, вели Кежаровска.

Кежаровски беше уапсен пред три месеци во полициската акција „Ликвидација“, за текст објавен пред пред пет години во тогашниот неделник Репортер под обвинение дека го открил името на заштитен сведок. Новинарот се бранеше дека сведокот кој го открил бил лажен.

За слобода на новинатот, а со тоа и за заштита на медиумите и слободата на изразување побараа и македонските и странските новинарски здруженија. Беа организитани повеќе протести, се собираа потписи, се објавуваа ставови на јавните личности. Сепак се чини дека тоа не помага за судот, кој исто така, и покрај барањето на адвокатот новинарот да биде пуштен да се брани на слобода, одлучува да го задржи во притвор.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment