За Илинден во Струга не се вее македонското знаме
Во цела Македонија се прославува Илинден, само во Струга не! Низ градските улици нема поставени знамиња, освен по некое кое може да се забележи на индивидуални објекти или згради.
Според стружани, ова не е прв пат за време на државен празник јарболите да се празни и да нема државни знамиња како што налага законот.
Со реакција и од општинската ВМРО- ДПМНЕ Струга, каде сметаат дека станува збор за пропуст на градоначалникот и дека надлежните институции треба да реагираат.
-Градоначалникот Села си го покажа вистинското лице. Се она што кажуваше по изборите дека ќе биде градоначалникот на сите граѓани на Струга паѓа во вода. Со овој потег тој на некој начин го изреволтира македонското население кое што живее тука.-велии Перо Петкоски -ОК ВМРО ДПМНЕ.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment