Времето денес : Умерено облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд
август 28
09:40
2013
Во Македонија претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локални врнежи од дожд во северозападните, северните како и во североисточните и крајните источни предели. Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 27°C до 36°C. УВ индекс 6.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 6.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment