Возот убиец во Шпанија летал со 179 км / ч!
август 02
19:32
2013
Возот, кој излета од шините на кривина во Сантијаго де Компостела, се движел со 179 км / ч пред да излезе од шините и да го одземе животот на 79 лица. Тоа го покажаа информациите од црната кутија на возот. Дозволената брзина во регионот е 80 км / ч
Само секунди пред инцидентот машиновозачот зборувал по телефон.
На возачот Франциско Хосе Гарсон Амо веќе му беа покренати 79 обвиненија за убиство од небрежност. Во моментов тој е ослободен со кауција откако беше испрашан од судија.
Наредбата на судијата е тој да се јавува во судот секоја недела.
Освен тоа му е забрането да ја напушти Шпанија и да управува воз за период од шест месеци.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment