MKDNews.com

Во Велестово одбележан јубилеј на поетска реч

август 18
10:31 2013

velestovo.poeti1Во охридското село Велестово,сместено над Охрид,викендов се одржа јубилејната 25 “Поетска ноќ во Велестово” на која учествуваа поети од земјава и странство и бројни љубители на петската реч.
“Оваа вечер е посебна , зошто заеднички го славиме 25- годишното постоење на „ Поетската ноќ во Велестово“. Две и пол децении , благодарение на ентузијазмот на основачот Славе Ѓорѓо Димоски и многуте поддржувачи и неговите пријатели , овде се слави моќта на поетскиот збор , сликарството и воопшто моќта на уметноста,кажа Зоран Велјановски-Летра,претставник на локалната самоуправа во Охрид.
Првата вечер беше посветена на младата македонска поезија и музички концерт на ансамблот „Билјана“, а по поетското читање, традиционално се одржа поетската изложба на академскиот сликар Александар Станкоски насловена „Поетика и Политика“.
На интернационалната поетска ноќ учествуваа поети од 5 земји, Норвешка, Црна Гора, Бугарија, Словачка и Русија.Вечерта вечерта беше збогатена со промоција на стихозбирката „ Со други очи“ на поетесата Одвиг Клив од Норвешка, за која говореше поетесата Славица Гаџова.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.