MKDNews.com

Во судирите во Египет има 278 загинати и повеќе од 1.500 ранети

август 15
00:51 2013

Во заедничките полициски и воени акции во растурањето на дegypt-9.jpgвата кампа на приврзаниците на отстранетиот претседател Мохамед Морси и на Муслиманското братство во египетската престолнина Каиро во средата има 278 загинати и повеќе од 1.500 ранети, објави вечерта министерството за здравството, а полицијата објави дека целосно го контролира плоштадот Рааба ал-Адивија центарот на исламистичките протести за враќање на власт на првиот избран исламистички претседател на земјата.

Според официјалните податоци, во судирите на двата плоштада во Каиро загинале 149 цивили и 43 полицајци.

Бројот жртви е поголем од официјалните податоци, пренесуваат агенциите, бидејќи репортерот на AFP само на каирскиот плоштад Рааба ал-Авадија, видел тела на 124 демонстранти. Се додава дека нема официјални од плоштадот Нахда, каде наводно биле видени јагленосани тела.

Портпаролот на министерството за здравство во конечната оценка објави дека 61 едно лице е убиени на плоштадот Рааба ал-Адавија, главниот центар на приврзаниците на Морси и на Муслиманското братство, а уште 21 жертва имало на другиот каирски плоштад Нахда. Другите жртви се убиени во другите египетски градови. Al Ahram јави дека една жртва и 14 ранети има и во познатото летувалиште Хургада. Жртвата бил гостин во кафуле кој настрадал од заталкан куршум.

Според Reuters во градот Исмаилија на Суецкиот канал, во судирите меѓу полицијата и демонстрантите загинале 15 луѓе, од кои некои се убиени со боева муниција а некои им подлегнале на раните добиени од гумени куршуми. Според истата агенција во неколкуте судири во Александрија се убиени десет лица.

egypt-8.jpgМуслиманското братство преку социјалните мрежи доцна вечерта во средата о ажурираше бројот на настрадани според движењето, и тој изнесува „повеќе од 2.200 убиени и повеќе до 10.000 ранети”.

Египетското министерство за внатрешни работи, исто така, соопшти дека привела високи функционери на Муслиманското братство. Претходно ги обвини приврзаниците на исламистичкото движење дека како „жив ѕид” користеле жени и деца, и дека кај најмалку 200 приведени негови членови нашла огнено оружје.

За агенцијата Reuters неименуван висок функционер на египетските безбедносни сили изјавил дека полицијата привела челници на Муслиманското братство, и еден влијателен исламски проповедник откако ги растурила протестните кампови во Каиро.

Плоштадот во квартот Рааба ал-Адавија каде што се наоѓа голема џамија, поголем од другите два плоштада во Каиро, на кој приврзаниците на отстранетиот претседател Мохамед Морси протестираа, сега е „целосно под контрола на властите”, тврди висок претставник на безбедносните служби за AFP.

Интернет изданието на каирскиот дневен весник Al Ahram пренесува дека откако во текот на денот биле запалени три цркви на хистијанската коптска заедница, во текот на ноќта продолжуваат нападите врз коптските цркви и христијанските имоти. Гневни толпи, според очевидци, запалиле десетици христијански објекти, меѓу кои цркви, манастири, училишта и продавници, во повеќе градови низ Египет, како Александрија, Суец и повеќето градови во покраината Горен Нил.

Министерот за внатрешни работи Мохамед Ибрахим доцна вечерта изјави дека безбедносните сили веќе нема да трпат никакви протесни собир каде и да е во земјата. На прес-конференцијата потврдил дека безбедносните сили ги исчистиле двата кампа на приврзаниците на Морси во Каиро.

„Повеќе нема да дозволиме какво и да е протесно собирање на ниеден плоштад во земјата”, порача Ибрахим.

Претходно од средата во 16 часот властите прогласија едномесечна вонредна состојба, а министерот Ибрахим вети стабилност како и во времето на соборениот претседател Хосни Мубарак.

egypt-7.jpg„Ветувам дека штом се стабилизираат условите и египетските улици, што поскоро е моќно, сигурноста ќе биде воспоставена во оваа земја каква што владееше пред 25-ти јануари, дури и повеќе”, изјави египетскиот министер за внатрешни работи Ибрахим.

Египетското движење Арапска пролет започна во 2011 година на 25-ти јануари, што продеморкатските активисти свесно го одбраа бидејќи се совпаѓа со националниот ден на полицијата. Во тоа време полицијата не беше присутна на улиците, а многу Египќани кои се навикнати на строга полициска контрола истакнуваа дека последните две години попуштил редот и мирот.

Ибрахим најави дека истакнатите челници на Муслиманското братство, Есам ел-Ериан и Мохамед ел-Белатаги за кого има информации дека наводно на плоштадот Рааба ал-Авдија загинала неговата 17-ќерка, ќе бидат уапсени, со што ги демантираше претходните информации од безбедносни извори за западните агенции за нивно апсење, како и на уште еден влијателен исламски проповедник.

Десетици мртви во Каиро (фото/видео)

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.