MKDNews.com

Во сообраќајка во Италија загина момче од Гостивар

август 17
06:34 2013

Во тешка сообраќајна несреќа во Италија, животот го загубило 19-годишно момче од Гостивар кое со семејството живеело во Сера де Конти.

Станува збор за Алил Авдиу, кој заедно со уште две девојки изегол да се прошета со автомобилот марка „Фиат Пунто“ сопственост на неговата мајка.

Телото на момчето било пронајдено повеќе метри од местото на несреќата.

Според италијанските медиуми на кои се повикуваат албанските, возилото во еден миг изгубило контрола и удрило во електричен столб. Од силниот удар автомобилот бил поделен на два дела.

Во несреќата заедно со Авдиу животот го загубила и 15-годишната Вердес Беатриче со романско потекло од Грузија. Тешко била повредена 20-годишна девојка од Италија, која е во болница и се бори за живот. Лекарите изјавиле дека шансите да преживее се минимални.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment