Во Словенија падна снег?
Студен бран кој ноќеска помина низ Словенија донесе нестабилно време. На Кредарица под Триглав температурата падна под 1 Целзиусов степен, а почна да паѓа и снег. Во други делови на Словенија температурата е приближно 15 степени. Студениот бран од Словенија пристигна и во Хрватска, во западниот дел на земјата. Во 11 часот на западното крајбрежје на Истра се измерени 18 Целзиусови степени.
Во Риека дуваше ветар со јачина од 56 километри на час, а на островот Крк бурата беше со јачина од 80 км/ч, а во подножјето на Влебит дури 100 км/ч. Температурата на Истра синоќа се спушти на 11 степени Целзиусови.
Бурата предизвика проблеми и во сообраќајот, јавуваат хрватските медиуми. Метеоролозите во Хрватска за денеска највуваат силен дожд пропратен со грмотевици.
Според најавите утре во Македонија ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за два до три степени.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment