MKDNews.com

Во Русија е убиен свештеникот кој ги бранеше „Пуси рајот“

август 06
14:23 2013

Рускиот православен свештеник кој повика на ослободување на членови на женската панк-група „Пуси рајот“, убиен е во Псков. Руската полиција соопшти дека телото на протојереј Павел Адељгејм е пронајдено синоќа во Псков со повреди нанесени со нож, во близина на црквата.

Според истрагата, него го убило младо момче со психички проблеми, кому тој му дал засолниште. Дваесет и седумгодишното момче е хоспитализирано откако по убиството и сам на себе си нанел повреди со нож. Полицијата не го поврзува убиството со ставовите на Адељгејм, кој во повеќе наврати ги критикуваше црковните власти и со тоа предизвика жестока полемика во јавноста.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.