MKDNews.com

Во Полска за 5 илјади евра се продаваат неродени деца

август 29
15:35 2013

На полски сајтови за мали огласи почнале да се објавуваат понуди за продажба на неродени деца на двојки кои не можат да имаат пород.Така, една девојка од Полска бара за нероденото дете 5 илјади евра.

Директорот на Националната и академска компјутерска мрежа Михал Хшановски изјавил за денешниот Жечпосполит дека тоа се први отворени огласи во осмогодишната историја на сајтот Дижурнет,пл, чии стручњаци во Полска ја следат злоупотребата на Интернетот,а и самите Полјаци пренесуваат неподесни или штетни соджини.

-Тие огласи можат да бидат најава на нов алармантен тренд,туку и потврда дека тој феномен веќе постои во Полска,велат струшњаците во оваа земја.

.Парадоксално, тие огласи, иако шокантни, не мора автомаски да ги кршат полските закони,бидејќи можат да се водат како посвојување.

-Посебно огорчува фактот шпо децата се третираат како стока за продажба.Човечкиот живот не смее да биде предмет на трговија ниту во ваква форма.Појавата на овие огласи покажува дека во трката за пари се згазил уште еден темел на моралните принципи,изјавил по повод огласите професорот Марек Конопчињски.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.