MKDNews.com

Во Охрид пет српски државјани претепале двајца кичевчани

август 04
12:13 2013

Утринава, во 05,30 часот, во Охрид пред ноќен клуб „Хавана“, српските државјани И.Р. (25), М. А. (21), Д.С. (25), М. Ѓ. (26) и Д. А. (26), извршиле физички напад над Б. А. (23) и А. Ј.(26) двајцата од Кичево.

Во пресметката тие ги удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а употребиле и стаклено шише, при што им нанеле видливи повреди.

На повредените им е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид.

Од страна на ПС-Охрид во тек се мерки за расчистување на случајот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment