Во Македонија се обучуваат исламски терористи
Во Македонија се обучуваат исламски терористи за самоубиствени бомбашки напади. Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора во иднина треба да станат обединета исламска држава. Ова е првата фаза од окупацијата на Европа во смисла на исламистичкиот план „Европа 3000“.
Терористичките обуки се вршат во „безбедните албански области“, односно во Албанија, Косово и еден дел од Македонија. Тие оперираат под заштитниот чадор на Албанската национална армија (АНА или АКШ), организацијата – наследник на УЧК, објавува државното руско радио „Гласот на Русија“ повикувајќи се на руски разузнувачки служби.
Се регрутираат и обучуваат Босанци и Албанци со словенски изглед за извршување терористички активности. Овие борци тогаш би можеле да патуваат низ целиот свет без да разбудат сомнеж кај полициските и разузнавачките служби. Исто така тие би можеле да пристигнат и во регионот на северен Кавказ. Овие терористи се нарекуваат „бели ѓаволи“. Тие добиваат најдобра обука и се подготвени за Џихад во цела Европа и Русија. Но, најпрво овие борци со словенски лица се чуваат како резерва. Тие се подготвени за изведување на самоубиствени напади, односно „маченичка смрт“ во името на Коранот.
Јадрото на оваа група го сочинуваат босански муслимани како и регрути од Чеченија и останатите кавкаски региони, објавува радиото „Гласот на Русија“.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment