MKDNews.com

Во елитен ресторан во Венеција кафе „само“ 100 евра

август 20
22:30 2013

muzika01Седуммина туристи од Рим се шокирале кога во еден кафе ресторан во Венеција,кој важи за скап град.за четири кафиња и три ликери добиле сметка преку сто евра.

Кафулето „Кафе Лавена“ е елитно и се ноаѓа на плоштадот Свети Марко каде што познатиот композитор од 19 век Рихард Вагнер го пиел утринското кафе,Туристите кои својата сметка ја поставиле на Фејсбук не знаеле дека треба да се плати и такавиканиот “музички денар”,односно да се доплати кога во кафулето свири музика.Така, музиката ги чинела повеќе од кафето и пијачките,пишува Ројтерс.

Сопствениците на кафулето кое е отворено во 1750 година и каде што келнерите се облечени во црни сакоа и свири камерен оркестар,велат дека цените се шест евра за кафе и 10 евра за ликер,вклучувајќи го и хонорарот за музичарите кој е отпчатен во менито.

-Ако им беше прескапо требало да одат на друго место,како и другите.Или да се напијат кафе каде што чини едно евро,рекол менаџерот Масимо Миланезе за Кориера дела Сера.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment