MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-НП и Бугари на панихидата за Тодор Александров

август 31
16:47 2013

Високи функционери на ВМРО ДПМНЕ , меѓу кои министерот за образование, Спиро Ристовски и поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошевски денеска присуствуваа на панихидата во штипско Ново село по повод 89 години од убиството на Тодор Александров. Историчарите се уште водат полемики за личноста на Александров, но според членовите на ВМРО ДПМНЕ тој е македонски војвода и дал голем придонес за историското ВМРО.

Жители на штипско Ново село и ВМРО ДПМНЕ заеднички присуствуваа на панихидата во црквата во Ново Cело и положија цвеќе на плочата на Александров, каде што е роден.

DZAMBASKIКако што јавува ТВ Тера ,еден час по нив 89 – годишнината од смртта на контрoверзниот војвода ја одбележаа и раковоството на општинскиот огранок на ВМРО – Народна партија заедно со гости од Бугарија, меѓу кои и Александар Џамбаски, потрпретседателот на партијата на ултранационалистото Каракачанов. Џамбаски кој трета година по ред доаѓа во Штип вели дека се залагаaт за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија, согласно договорот на владите на Георгиевски и Костов од 1997 година.
Панихидата и посетата на плочата, каде што била куќата на Александров во штипско Ново Село веќе стана традиција за жителите на Ново село, но и за владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.