MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ официјално се огради од правните квалификации,под потписот напишале забелешка (фото)

август 28
17:02 2013

ВМРО-ДПМНЕ и официјално на Извештајот за 24 декември се потпишал со резерва. Претставниците на владејачката партија, Благородна Дулиќ и Илија Димовски под својот потпис на Извештајот напишале дека не се согласуваат со правните квалификации, јавува ТВ Алфа.

potpisi-izvestajКако што пишува телевизијата, изразувањето на резерва или несогласување со одредени делови од ваков тип договори е воспоставена пракса и во меѓународната политика а во Виенската конвенција која ги регулира меѓународните односи и договори, има цел посебен дел кој се занимава со ваквиот тип на изразување резерва

„Во конвенцијата се вели дека „изразот резерва означува еднострана изјава, без разлика како е составена или наречена, што им дава на државите можност при потпишување, ратификување, прифаќање или одобрување на договорот, да исклучат или да го изменат правното дејство на некои од одредбите на договорот во поглед на негово спроведување. Резервата погодува само дел од договорот и до извесна граница го менува договорениот режим“ – пишува Алфа.

 

iAvfj36iDo8cF

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.