MKDNews.com

ВМРО БНД бара отпуштените војници од АРМ да служат во бугарската армија

август 14
16:34 2013

path_9716Бугарската ВМРО (ВМРО – Бугарско Национално Движење ) бара премиерот и министерот за одбрана на Бугарија да воспостават контакти со поранешните професионални војници на АРМ и да направат сè што е потребно, за да ги вклучат во составот на бугарската армија. Тоа се случува на само неколку дена пред одбележувањето на 18 август, Денот на македонската Армија, за кога и од овие војници, како што пренесоа некои македонски медиуми, протече информацијата дека ќе бараат работа во бугарските вооружени сили.
Бугарската ВМРО инсистира премиерот и министерот за одбрана на Бугарија да воспостават контакти со овие борци и да направат потребното за нивно вклучување во составот на вооружените сили на Република Бугарија. “Стара бугарска армиска традиција е наши сонародници од Македонија да служат во редовите на бугарските вооружени сили.
Бугарскиот портал bnews.bg, повикува на информации добиени од бугарската ВМРО, во кое се наведува дека, според информациите во медиумите, стотици борци кои служеа во редовите на АРМ, се поставени на работ на социјална катастрофа, поради политиката на просрпската влада во Скопје.
„Очигледно србоманската власт на Груевски сака да го троши државниот буџет во безумните антички градби на скопскиот Дизниленд, наместо да ги одржува вооружените сили, кои ќе можат да ја издржат албанската агресија, однатре и однадвор,против териториториалната интегритет на Република Македонија“, се наведува во пренесениот напис.
Во текстот се вели дека станува збор за иницијатива која има своја стара традиција. Наводно, наскоро ќе биде распишан конкурс за прием на 250 војници во специјалните единици во Пловдив.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment