Вилушка му се заглавила во пенисот , при самозадоволување (фото)
Од пенис на еден 70 годишен старец, доктори во Канбера Авсралија извадиле виљушка од десет сантиметри, откако самиот си ја заглавил таму додека мастурбирал.
Несреќниот перверзник имал страшни болки, но ги трпел цели 12 часа, бидејќи се срамел и собирал храброст да оди на лекар.
Старецот во болницата дошол жалејќи се на крвавење во половиот орган, но по извесно време им признал на лекарите како му се случила повредата.
Иако, од срам, 12 часа го одложувал одењето кај лекар, старецот, се решил да оди .Вилушката била толку цврсто сместена што докторите едвај ја пронашле. Откако ја нашле, успешно ја извадиле и старецот бил пуштен на домашно лекување без поголеми последици.
Лекарите веќе имаат направено цела листа на предмети пронајдени во човечкото тело. Па така од телата на луѓето биле извадени четки за заби, пенкала, клучеви, пластични чаши, термометри, растенија и зеленчк, змии, восок, лепило, телефонски кабли, батерии, моркови, грав, листови, коски, опашка од верверичка, играчки и уште многу други необични предмети.
Според истражувањата, мажите почесто доаѓаат да бараат помош поради необични предмети кои „завршиле„ во нивните гениталии отколку жените.
Во мнозинството случаи, посрамотените пациенти сами се обидуваат да ги извадат предметите а вистинска опасност доаѓа од инфекција која може да доведе до смрт. Поради тоа, лекарите ги советуваат пациентите задолжително да отидат на лекар ако се најдат во таква ситуација, за да си го спасат животот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment