Вевчанци од септември со регистарски таблички VV
Од први септември жителите на Општина Вевчани ќе добијат можност да извадат регистарски таблички со ознаката VV, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Со измените на Правилникот, што стапија во сила на 1 март годинава, беа воведени шест нови регистрациски подрачја за возилата (БЕРОВО -BE, ДЕЛЧЕВО-DE, ВИНИЦА-VI, НЕГОТИНО-NE, РЕСЕН-RE и СВЕТИ НИКОЛЕ-SN) со што вкупниот број од постоечките 17 во 2009 година се зголеми на 23.
Во Правилникот за регистрациските подрачја за возилата и нивните ознаки пред ТИЕ измени беа додадени и регистрациските подрачја: Гевгелија,-GE Кавадарци-KA, Кичево-KI, Кочани-KO, Крива Паланка-KP, Радовиш-RA и Струга-SU. Постоечки регистарски ознаки пред воведувањето на измените во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки беа: Битола-BT, Велес-VE, Гостивар-GV, Куманово-KU, Охрид-OH, Прилеп-PP, Скопје-SK, Струмица-SR, Тетово-TE и Штип-ŠT
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment