MKDNews.com

Велосипедска „Тура околу Македонија-2013“

август 31
20:17 2013

971384_468457706582857_500636957_nСо првата етапа што утре ќе се вози на релација Скопје-Кичево, стартува велосипедската „Тура околу Македонија-2013“.Годинешната тура се состои од шест етапи а учесниците на истата ќе поминат околу 700 километри.
-Годинешната „Тура околу Македонија-2013“ ќе стартува утре со почеток во 13,30 часот пред Триумфалната порта во Скопје.Утрешната етапа ќе се вози на релација Скопје-Кичево, со должина на патеката од околу 115 километри. На 2 септември велосипедистите ќе ја возат втората етапа на релација Охрид-Прилеп со должина од 115 километри.

На 3 септември ќе се одржи третата етапа на релација Прилеп-Велес со идентична должина на патеката.Четвртата етапа ќе стартува во Велес а ќе заврши во Дојран ,во должина од 120 километри.

Предпоследната етапа ќе се вози на релацијата Дојран-Штип, додека завршната етапа со која ќе се заокружи годинешната тура, ќе се вози на релација Штип-Скопје а ќе се вози на 6 септември.

Како и стартот исто така и целта ќе биде пред Триумфалната порта во Скопје-информира Сашо Димитриески, претседател на ВФМ кој заедно со АМСМ го организира овој велосипедски натпревар

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.