MKDNews.com

Величествена вечер на „Вива Вокс“ на Античкиот театар

август 03
09:16 2013

„Вива Вокс“, од Белград приреија незаборавна и величенствена вечер во Охрид во Античкиот театар.

Неверојатните гласови кои експериментираат со различни музички жанрови, воспоставија одличен контакт со гледачите кои со овации ги проследија изведбите на „Вива Вокс“.

На концертот што се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“, публиката можеше да чуе неверојатни преработки на безвременските хитови на „Квин“, „Ред хот чили пеперс“, “Продиџи“, „Нирвана“, и секако „Ду Хаст“, на германскиот индустријал-метал бенд „Раммстеин“, која на „Вива Вокс“ и донесе светска слава на . На долгите аплаузи од публиката на исполнетиот Антички театар, „Вива Вокс“ се заблагодари со изведба на старата македонска народна песна „Ајде слушај, слушај калеш бе Анѓо“.

Видео:  ohridnews.com.mk

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.