MKDNews.com

Вечерва се затвора музичкиот дел од програмата на Охридско лето 2013

август 19
16:50 2013

nemanja25cСо концерт на српскиот виолинист Немања Радуловиќ ,кој се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, во пијано придружба на Сузан Маноф од САД, вечерва се затвора музичкиот дел од програмата на Охридско лето 2013.

Познатиот виолинист, кој со своите атрактивни настапи го одушевува аудиториумот и пијанистката позната по својот афинитет кон камерната музика , во акустичната “Света Софија” ќе изведат дела на Чајковски, Моцарт, Бах, Франк, Равел.

Селекторот на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова – Неделковска вели дека во конципирањето на фестивалската програма особено внимание се посветува на изборот на уметник за концертот на свеченото отворање, но исто така и за затворањето на фестивалот.

-И оваа година имаме исклучително звучно име на последниот – завршен концерт на музичката програма на ова 53-то издание. Навистина сме горди што годинава го имаме виолинистот Немања Радуловиќ кој што се вбројува во листата на најпознатите, најуспешните и највпечатливите уметници на денешната музичка сцена, кој со своите атрактивни настапи го одушевува аудиториумот низ целиот свет. Тој ќе настапи со пијанистката Сузан Маноф, добро позната по својот афинитет кон камерната музика и ансамбловото музициранје, а со тоа – и еден од најбараните пијано соработници. Настапот на ова етаблирано дуо, преку изведбата на прекрасните дела од Чајковски, Моцарт, Бах, Франк и Равел, длабоко верувам дека уште еднаш ќе го потврди нивниот висок уметнички потенцијал и без сомнение ќе биде доследна завршница на музичкиот дел на ова успешно,квалитетно и атрактивно 53-то издание на Охридско лето, изјави Јосифова- Неделковска.

Радуловиќ на денешната прес конференција истакна дека посебно му е драго што по втор пат настапува на овој реномиран фестивал. Воодушевен од “Света Софија”, вети концерт достоен за крај на музичкиот дел од програмата.

-“Света Софија” не’ воодушеви и со изгледот и со акустиката и со богатата историја која е содржана во неа. Има поврзаност помеѓу музиката и архитектирата и тоа е многу инспиративно за еден уметник. Посебно ни е драго што го завршуваме музичкиот дел од Фестивалот. Мислам дека секој концерт е подеднакво битен но, за организаторот најважно е отворањето и затворањето на Фестивалот. Тоа е исто како за уметниците, првите ноти од концертот и последните се најважни, рече Радуловиќ кој ја пофали и храната во Македонија но и гостопримството.

-Сите се љубезни, насмеани, но и горди на Охрид и навистина ни е прекрасно тука, рече Радуловиќ.

И за Маноф, црквата “Света Софија” е најпрекрасното место каде ќе настапи и тоа, како што рече, ја прави возбудата уште поголема.

-Да се свири на вакво место ве води кон нови димензии, кон ново искуство и тоа е прекрасно, рече Маноф.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment