MKDNews.com

Вечер на Живко Чинго во Велгошти

август 13
14:45 2013

Во организација на Локалната самоуправа од Охрид и Советот на Месната заедница Велгошти, вечерва со почеток во 20:30 часот во атарот на манастирот „Света Петка“ ќе се одржи традиционалната манифестација „ВЕЧЕР НА ЖИВКО ЧИНГО“ со која ќе се одбележи 25-годишнината од чествувањето на еден од најистакнатите прозаисти во современата македонска книжевност.
Пред почетокот на програмата, делегации на Општина Охрид, Месната заедница Велгошти и други институции и организации ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Живко Чинго. Во рамките на манифестацијата пред присутните ќе се обрати градоначалникот Никола Бакрачески, кој своевремено ќе ја додели и наградата за првонаградениот расказ „Трансакција“ на авторот Петре Димовски. Според програмата Димовски ќе говори за творечкиот опус на писателот. Чествувањето за Живко Чинго ќе биде збогатено со две композиции на групата „Мерак„ , а свој настап ќе има културно уметничкото друштво „Илинден“ од Велгошти.

Изор:  velgosti.com

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment