MKDNews.com

Утре е Рамазан Бајрам

август 07
11:44 2013

Припадниците од муслиманска вероисповед во целиот свет утре по едномесечен пост го празнувазат првиот ден од Рамазан Бајрам. Светиот месец Рамазан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар.

Се верува дека во текот на тој месец светата книга – Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, аџилакот во Мека и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат.

Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови. милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.

Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце, суфур и трае до зајдисонце, ифтар. Конзумирање храна и напитоци е дозволено во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.