Уругвај ја легализира марихуаната
Пратениците во Уругвај одобрија закон, кој најверојатно ќе ја легализира марихуаната,предаде ББС.
Ако документот биде одобрен од Горниот дом на парламентот, латиноамериканската држава ќе биде првата во светот со регулација на производството, дистрибуцијата и продажбата на марихуана.
Овој чекор на Уругвајската власти произлегува од желбата на Владата да ги лиши дилерите на дрога од добивка, како и да се одврати вниманието на наркоманите од силната дрога.
Според новиот закон државата ке го контролира целиот бизнис со канабис.
“Државата ќе ја преземе” контролата и регулирањето на увозот, извозот, насадете, одгледување,жетвата, обработката, чувањето, продажбата и дистрибуцијата на канабисот и производите од него “, се вели во законот.
Корисниците, ако се полнолетни, ќе бидат вклучени во посебен државен регистар. Тогаш тие ќе имаат право да купуваат до 40 г марихуана месечно во лиценцирани за овој вид продажба аптеки или да одгледуваат сами дома до 6 растенија.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment