MKDNews.com

УНЕСКО ke проверува што се случува во Охрид

август 16
10:07 2013

Комисија од светски експерти наскоро ќе дојде да види дали градбите на Плаошник и најавениот проект кај „Свети Наум“ може да го избришат Охрид од листата на Светското културно наследство

Она што природата го создала со милиони години, а човекот го направил во стотици генерации може со неколку нови големи објекти да биде избришано од списокот на Светското културно наследство што го изготвува Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации, УНЕСКО, пишува „Утрински весник“.

Изградбата на објектите на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник и големиот проект на индискиот бизнисмен Субрата Рој кај „Свети Наум“ му се закануваат на Охрид да биде доведено во прашање неговото место на списокот на Светското културно наследство. УНЕСКО кон крајот на септември или во почетокот на октомври ќе испрати специјална комисија од повеќе експерти да провери, испита и документира што се случува во Охрид и околу езерото и колку тоа може да влијае врз статусот на регионот на светската листа.

Во седиштето на УНЕСКО во Париз се сериозно загрижени поради она што се гради во Охрид и од најавите за големиот туристички комплекс до прочуениот манастир.

– Загрижени сме за она што се случува во Охрид што може да ја намали вредноста поради која градот е ставен на листата на културното наследство на светот. Реагираме кога има големи проекти кои може да влијаат да се намали вредноста на местата – вели за „Утрински весник“, Петја Точарова, шефица на Одделението за Светското наследство во Европа и во Северна Америка во УНЕСКО.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment